Политика на колачиња

Што се колачиња?

Колаче е мала датотека со податоци што останува забележана на вашиот компјутер во рамките на интернет-пребарувачот откако ќе посетите определени интернет-страници. Колачето не содржи и не собира податоци изолирано, туку тогаш кога некој сервер ќе го прочита со помош на интернет-пребарувачот; колачето може да обезбеди информации за да се поедностави користењето на услугите преку регистрација, покрај другите податоци, на саканите опции на корисникот за да се откријат грешки, односно да се соберат статистички податоци. Колачето нема да му направи штета на вашиот компјутер, ниту ќе бидат забележани лични податоци за некое лице при посетата на оваа локација. За повеќе податоци за тоа како се користат колачињата на оваа локација, ве молиме погледнете ја врската „Како ги користиме колачињата“. За целосно користење на нашата локација потребно е да се инсталираат колачиња. Ако сакате да оневозможите некое од инсталираните колачиња, веројатно и понатаму ќе може да ја пребарувате локацијата. Меѓутоа, може да се случи некои карактеристики на оваа локација да бидат деактивирани. Повеќето интернет-пребарувачи (на пример, Internet Explorer, Mozilla Firefox, Safari и Google Chrome) имаат автоматски овозможени колачиња. Може да одлучите дали и во која мера колачињата ќе му пристапат на вашиот компјутер, така што ќе ги смените нагодувањата на пребарувачот што го користите. Погледнете ја врската „Управување со колачиња“ каде што може да дознаете како може да ги проверите и да ги смените нагодувањата за колачињата на својот компјутер. Напоменуваме дека ако не внесете никакви промени, тоа ќе значи дека ги прифаќате нагодувањата на основниот пребарувач и дека сте се согласиле за активностите на колачињата. Ако не се согласувате, ве молиме да ги смените нагодувањата во својот пребарувач и да ги ограничите или оневозможите колачињата.
Ова известување е конципирано како дел од нашите напори да ги почитуваме најновите прописи и да покажеме дека сме отворени, искрени и јасни кога станува збор за приватноста на нашите корисници. Ве молиме за повеќе детали да ја погледнете нашата врска „Политика на приватност“.

Како ги користиме колачињата?

Може да забележите присуство на различни видови колачиња што се јавуваат додека ја посетувате оваа интернет-страница. Користиме три вида колачиња:

Колачиња на сесијата, кои автоматски се бришат по секоја посета;

Упорни колачиња, кои остануваат тука каде што се наоѓаат во текот на повеќе посети на определена страница;

Колачиња на трети лица, кои користат партнерски интернет-страници, а кои се вградени во нашата интернет-страница или во страница со која сме поврзани.

Колачиња на сесијата

Колачињата на сесијата ви овозможуваат да ги извршувате основните функции на страницата, како што е да ја запомните ставката на полето што се повторува во рамките на сесијата на пребарување. Покрај тоа, тие помагаат да се ограничи потребата за пренесување податоци на интернет. Тие не се чуваат на вашиот компјутер и исчезнуваат откако ќе ја завршите сесијата на пребарување.

Упорни колачиња

Овој вид колачиња ни овозможува да ги препознаеме честите анонимни посетители на нашата локација. Со поврзување на анонимен случајно генериран идентификатор, може да бидат забележани посебните информации за пребарувањето, како што е информацијата во кое време сте пристапиле кон локацијата, страниците што сте ги посетиле, опциите што ги избирате, како и патеката на движење низ локацијата. Со следење на овие информации ние сме во можност да ја подобриме локацијата, како и да ги отстраниме грешките и да ја подобриме содржината.

Ние користиме софтвер Adobe SiteCatalist за анализа на користењето на страниците, на интеракциите на страниците и на патеките на движење низ нашите локации. Тоа се нарекува „метрика на интернет-страницата“ или „аналитика“. Ние не евидентираме какви било лични податоци како дел од овој процес.

Колачиња на трети лица

Кога ќе ја посетите нашата локација, може да забележите дека некои колачиња не се однесуваат на Mondelez International. Ако ја посетите страницата што содржи вградена содржина, на пример, од страниците на Facebook или на YouTube, можеби овие страници ќе ви праќаат колачиња. Ние не го контролираме создавањето на овие колачиња и затоа ви предлагаме да ги проверите интернет-страниците на трети лица за повеќе детали за нивните колачиња и за тоа како да управувате со нив.

Управување со колачиња

Овозможување или оневозможување на колачиња

Ако не ги знаете видот и верзијата на интернет-пребарувачот што го користите за пребарување на интернет, кликнете на врската „Help“ (Помош) во горниот дел од прозорецот на пребарувачот, а потоа на врската „About“ (Податоци за пребарувачот). Тогаш ќе се прикажат информациите што ви се потребни.

Internet Explorer

Microsoft Internet Explorer 6.0, 7.0, 8.0

Кликнете на опцијата „Tools“ (Алати) во горниот дел од прозорецот на пребарувачот и изберете „Internet options“ (Интернет-опции), а потоа кликнете на табулаторот „Privacy“ (Приватност). Проверете дали вашето ниво на приватност е нагодено на средно (Medium) или на пониско ниво, со што тогаш ќе бидат овозможени колачињата во вашиот пребарувач. Со нагодувања над средното ниво ќе се оневозможат колачињата.

Google Chrome (најнова верзија)

Кликнете на иконата на шрафцигер во горниот десен агол на прозорецот на вашиот пребарувач и изберете ја опцијата „Settings“ (Нагодувања). Кликнете на „Show advanced settings“ (Прикажи напредни нагодувања) во долниот дел и пронајдете го делот „Privacy“ (Приватност). Кликнете на „Content Settings“ (Нагодувања на содржината) и во рамките на одделот за колачиња во горниот дел изберете ја опцијата „Allow local data to be set“ (Овозможи нагодувања на локални податоци) за да ги овозможите колачињата. За да ги оневозможите колачињата, ве молиме да ја изберете опцијата „Block sites from setting any data“ (Блокирај ги локациите за нагодување на какви било податоци), „Block third-party cookies and site data“ (Блокирај ги колачињата на трети лица и податоците за локации) и „Clear cookies and other site and plug-in data when I close my browser“ (Отстрани ги колачињата, другата локација и влезните податоци кога ќе го затворам својот пребарувач).

Mozilla Firefox

Кликнете на „Tools“ (Алати) во горниот дел од прозорецот на пребарувачот и изберете „Options“ (Опции). Потоа изберете ја иконата „Privacy“ (Приватност) во горниот дел од прозорецот што ќе се појави. Изберете ја опцијата „Accept cookies from sites“ (Прифати ги колачињата од локациите) за да ги овозможите колачињата. Ако сакате да ги оневозможите колачињата, ве молиме да ја деактивирате оваа опција.

Safari

Кликнете на иконата на тркалце во горниот десен агол на пребарувачот и изберете „Preferences“ (Сакани опции). Кликнете на иконата „Privacy“ (Приватност) во горниот дел од прозорецот што ќе се појави. Изберете ја опцијата „Block third-party and advertising cookies“ (Блокирај ги колачињата на трети страни и рекламните колачиња). Ако сакате целосно да ги оневозможите колачињата, ве молиме да го означите полето „Never“ (Никогаш).