Вовед

Ние во Mondelēz International ја цениме довербата што ја имате кога ги споделувате Вашите лични податоци со нас и разбираме дека може да Ве интересираат информациите што ни ги давате и како ние постапуваме со тие информации.

Ако го читате ова Известување за приватноста („Известување за приватноста“), можеби е затоа што сте посетиле веб-страница, мобилна апликација или некое друго место на кој било социјален медиум (сè што е наведено во продолжение е означено како „Страници“), кои ги води кое било друштво во состав на групата Mondelēz International, а кое е лоцирано на територијата на Европа („Mondelēz International“ или „нас“ или „ние“) или затоа што сте нѐ контактирале директно или телефонски или по писмен пат.

Ова Известување за приватноста ја поставува (со целосна транспарентност и во согласност со важечките закони и прописи, а особено во согласност со Општата директива за заштита на податоците – Директива (ЕУ) 2016/679 – „GDPR“) основата врз која ги обработуваме Вашите лични податоци („Лични податоци“) кога ќе пристапите до нашите страници или кога нѐ контактирате.

Краток преглед на клучна обработка на лични податоци од Mondelēz International

Mondelēz International ги собира и ги користи личните податоци што Вие ќе ги дадете или што ние ги собираме за Вас кога пребарувате наши страници, со цел рекламирање, набавка на наши производи и услуги, при контакт со Вас заради маркетинг или за други комерцијални цели, при одговарање на Вашите прашања во врска со нашите производи, давање поддршка за учество во нашите понуди и промоции, анализа и подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги.

На Вашиот пристап и на користењето на наши страници се применуваат одредбите и условите на нашето Известување за приватноста и на сите важечки закони. Обработката на Вашите лични податоци ќе биде ограничена на тоа што е неопходно во врска со целите што се наведени погоре. Ќе бараме Ваша изречна согласност само кога тоа е потребно со потврдување („by opt-ins“), така што ќе имате целосна контрола врз информациите што ги обработуваме и ги чуваме во врска со Вас. Во спротивно, ќе ги обработуваме само Вашите лични податоци ако тоа е потребно за извршување на договорот што го имаме со Вас, заради почитување на правните обврски на Mondelēz International и/или заради оправдани интереси на Mondelēz International.

Вообичаено Вашите лични податоци ги обработуваме во Европската Унија, но тие може да се чуваат и на системи што се базирани насекаде во светот и може да бидат обработувани од трети страни даватели на услуги што дејствуваат по наш налог. Овие системи и даватели може да се наоѓаат на територии, како што се САД, што не овозможуваат ист степен на заштита на приватноста, како што е тоа во ЕУ. Во тој случај, Mondelēz International ќе обезбеди соодветни технички и организациони мерки за да ги заштити Вашите лични податоци и да обезбеди степен на сигурност што е еднаков на оној во изворната држава. Повеќе информации за остварувањето на Вашите права во поглед на пристапот, исправките и дополнувањата, откажувањето, приговорите и преносливоста на податоците во врска со Вашите лични податоци може да најдете со кликање на опцијата Контактирајте нѐ или со стапување во контакт со нашиот Службеник за заштита на податоците (информациите за контакт може да ги најдете во продолжение).

Повремено може да го измениме ова Известување за приватноста така што на нашите страници ќе поставиме ажурна верзија на Известувањето за приватноста. Ќе информираме за можните битни измени за да може целосно да ги разберете измените што навистина се спроведени. Ве молиме почесто да го посетувате ова Известување за приватноста за да бидете секогаш информирани за начинот на кој ги користиме Вашите лични податоци.

Ова Известување за приватноста е од 11.4.2018 година

Кои Лични податоци ги собираме од Вас?

Видот информации и личните податоци што ги собираме за Вас кога ќе ги посетите нашите страници или кога ќе нѐ контактирате може да го вклучат следново:

  • Лични податоци доставени од Вас – како што се Вашето име и презиме, адреса за прием на пошта и други информации за контакт, како што се Вашиот број на телефон и е-пошта, Ваши барања, жалби што можеби ги имате и кои било други податоци што ги добиваме кога комуницираме со Вас преку е-пошта, онлајн или преку социјалните медиуми и кои било други информации што ги давате – на пример, кога се регистрирате на нашите страници, се пријавувате за наши билтени, учествувате во наши понуди и промоции, праќате повратни информации како потрошувач, одговарате на анкети или купувате наши производи и услуги;
  • Информации за плаќање – вклучително и податоци што се потребни за купување, како што се информациите за Вашата сметка за плаќање, броевите на кредитната и на дебитната картичка, датумот на престанокот на важење, адресата за доставување и адресата за наплата;
  • Информации за пријава на налог – вклучително и сите информации што се потребни од Вас за изработка на кориснички налог, како што се корисничко име, шифра и безбедносно прашање и одговор;
  • Информации што се собираат автоматски – вклучително и информации за Вашиот компјутер, IP-адреса и пребарувач што би можеле да ги собереме, на пример, кога на нашите страници користиме наши колачиња (cookies) или колачиња (cookies) на трети страни, веб-сигнализатори и слични технологии што собираат информации за Вашето користење на наши страници или за Вашата интеракција со нас преку е-пошта. За повеќе информации видете ја нашата Политика за колачиња (cookies).

Зошто ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги собираме и ги користиме за цели што се наведени во продолжение и врз законски основи. Имајте предвид дека ако веќе поседуваме информации за Вас, тие информации може да ги користиме за тие исти цели.

За оправдан комерцијален интерес: може да ги користиме Вашите лични податоци (на збирна или на поединечна основа), како што се Вашите информации за контакт, Вашата сметка и електронски идентификациски податоци, информациите во врска со купување во нашите продавници и онлајн, заради рекламирање и за анализа и подобрување на квалитетот на нашите производи или услуги, како и да Ве разбереме како потрошувач.

Исто така, тоа значи дека ги анализираме информациите што ни ги давате заедно со Вашето користење на нашите страници или на нашите производи и услуги и дека ги користиме сите тие информации за да го подобриме наведеното и да Ви овозможиме подобро корисничко искуство (на пример, анализираме кои веб-страници ги посетувате, кои производи и услуги ги користите и ги сакате, како ги користите тие производи и услуги).

Вашите лични податоци, исто така, може да ги користиме за оправдани комерцијални цели, како што е генерирање збирна статистика за корисниците на нашите производи и услуги; помагање во безбедносните прашања и спречување измами; за цели на интегритетот на системот; за да Ве потсетиме преку е-пошта на заборавената кошница за нарачки или за да Ви пратиме потврда за нарачка; за да им дадеме поддршка на нашите деловни активности, да ги спроведуваме политиките и процедурите на компанијата; да ги овозможиме нашите корпоративни трансакции, како што се спојување, продажба, реорганизација, пренос на имот или на работење на Mondelēz International, стекнување, банкротирање или слично; и за други оправдани деловни интереси што се дозволени со прописите што се во сила, а за кои би дале соодветни информации во соодветно време.

За извршување на одредби и на услови од договори: за купување наши производи или услуги или за развој на натпревари, конкуренција или промоција кон кои можеби сте пристапиле, за извршување на промоцијата и за контактирање ако Вие сте победник за да бидеме во можност да одговориме на какво било барање за информации што е извршено преку нашата опција Контактирајте нѐ.

Исто така, Вашите информации може да ги користиме врз основа на Ваша согласност, ако ни е дадена, на пример, за цели на маркетинг и за приспособување на нашата комуникација со Вас врз основа на вашите профили преку е-пошта, SMS, други електронски средства или на друг начин. Вашата согласност може да ја повлечете во секое време; видете кои се Вашите права во врска со личните податоци што ги имаме за Вас?

Со цел почитување на нашите правни обврски, како што се одржување на соодветни деловни записници, одговарање на жалби што се поднесени до нашата поддршка на потрошувачи, усогласување со законските барања на јавните органи и со законите и прописите што се во сила или каде тоа го бара законот.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ќе ги чуваме само толку колку што е потребно за да се задоволи целта за која тие се дадени од Вас или собрани од наша страна (на пример, времето што ни е потребно да одговориме на прашањата и да ги решиме проблемите).

Според тоа, Вашите лични податоци може да ги чуваме во текот на разумен период по Вашиот последен контакт со нас. Кога личните податоци што ги собираме повеќе не се потребни за оваа цел, ние ги уништуваме или ги бришеме на безбеден начин. Наместо уништување или бришење на Вашите лични податоци, може да ги направиме анонимни за да не може да се поврзат со Вас или да водат до Вас. Во одредени случаи може да имаме законски или регулаторни обврски што од нас бараат да зачуваме одредени документи за утврден период.

Со кого може да ги споделиме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци може да ги споделиме со:

  • Друштвата на Mondelēz International. Вашите лични податоци може да се споделат меѓу одговорните друштва на Mondelēz International, кои може да ги користат Вашите лични податоци на начин што е опишан во ова Известување за приватноста.
  • Давателите на услуги и обработувачите. Може да ангажираме трети страни како испорачувачи, агенти, даватели на услуги и поврзани друштва за да ни даваат услуги по наш налог, како што се поддршка за интерни активности во врска со нашите веб-страници, мобилни апликации или онлајн-продажба (вклучително и даватели на услуги на социјалните медиуми, обработувачи на плаќања, агенции за активирање на бренд, понудувачи за аналитика на податоци и трети лица што ги користиме за праќање на Вашите нарачки на Вашата домашна адреса, како што се поштенски курири) или за техничка обработка (на пример, услуги на хостинг или на чување податоци) или за услуги за управување со односите со потрошувачите, како и услуги поврзани со офлајн-поддршка за производ или за промоција (на пример, натпревари, наградни игри и организатори на натпревари, даватели на услуги за извлекување добитници, агенции за менаџмент на настани, испорачувачи за награди или за компензациски пакети) и други поврзани услуги.
  • Во постапката за давање на своите услуги, тие може да пристапат, да примат, да ги одржуваат или на друг начин да ги обработуваат личните податоци по наш налог. Нашите договори со тие даватели на услуги не дозволуваат употреба на Вашите информации за нивни сопствени цели, вклучително и за нивни маркетиншки цели. Во согласност со важечките законски барања, преземаме комерцијално прифатливи чекори да бараме од трети страни соодветно да ги чуваат Вашите лични податоци и да ги обработуваат исклучително во согласност со нашите упатства.
  • Партнери. Понекогаш може да Ви понудиме услуга или апликација во соработка со партнери (на пример, со коспонзорите или давателите на лиценци, корисници на лиценци или со дистрибутери на наши брендирани производи). Поради тоа може да се укаже потреба да им ги откриеме Вашите лични податоци на тие партнери. Во согласност со важечките законски барања, преземаме комерцијално прифатливи чекори да бараме од трети страни соодветно да ги чуваат Вашите лични податоци и да ги обработуваат исклучително во согласност со нашите упатства или како коракувачи. Во случаи кога откривањето на Вашите лични податоци на трети партнери се врши врз основа на Ваша согласност или на Ваше барање да се направи тоа, ние, кога тоа е потребно, јасно ќе Ве известиме за давањето на податоците и Вие ќе имате избор да не учествувате или на друг начин да го оспорите таквото давање на податоци.
  • На трети лица во случај на правни барања. Вашите лични податоци може да ги обелодениме ако веруваме дека врз основа на прописите од нас се бара тоа или ако тоа е оправдано потребно за да бидеме усогласени со законските процеси; кога веруваме дека е потребно или соодветно да ги проследиме личните податоци до органите за спроведување на законот, како, на пример, да се истражи реална измама или измама за која постои сомнение или прекршок на закон, кршење на безбедноста или кршење на ова Известување за приватноста; за да одговориме на евентуалните барања што ни се упатени; и за да ги заштитиме правата, сопственоста или личната безбедност на Mondelēz International, нашите потрошувачи или јавноста.
  • На трети страни во случај на корпоративни трансакции. Покрај тоа, информациите за нашите потрошувачи, вклучително и личните податоци, може да бидат обелоденети како дел од евентуално спојување, продажба, реорганизација, пренос на имот или на работење на Mondelēz International, стекнување, банкротирање или слични настани.

Меѓународно пренесување на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци вообичаено ги обработуваме во рамките на Европската Унија. Без оглед на наведеното, глобалната природа на нашето работење вклучува и тоа Вашите лични податоци да може повремено да им се обелоденат на друштвата во рамките на групата Mondelēz International што не се лоцирани во Европа, а кои во врска со ваквото обелоденување потпишале договор за пренесување на податоци со кој се регулира ваквото прекугранично пренесување.

Исто така, користиме и некои трети лица – даватели што ни помагаат во давањето на деловни услуги. Овие трети лица може да имаат пристап или едноставно само да ги чуваат Вашите лични податоци, но секогаш тоа ќе го прават во согласност со нашите упатства и во согласност со договорниот однос. Кога трети лица се наоѓаат на територии (како што се САД) што можеби не нудат еднаков степен на заштита на приватноста како ЕУ, ние ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да потврдиме дека Вашите лични податоци добиваат соодветен степен на заштита. Тоа се прави преку склучување договори за пренос на податоци или со обезбедување тие трети лица да се сертифицирани за соодветни програми за заштита на податоци (на пример, ЕУ-САД „Штит на приватноста“ (Privacy Shield)).

Како ја обезбедуваме безбедноста на Вашите лични податоци?

Користиме низа физички, технички и административни безбедносни стандарди, технологии и процедури за да помогнеме во заштитата на Вашите лични податоци од губење, неовластено користење, измени или оштетувања во соодветен степен, во зависност од чувствителноста на податоците.

Преземаме чекори за да им го ограничиме пристапот до Вашите лични податоци на оние лица што треба да имаат пристап, поради една од причините што се наведени во ова Известување за приватноста. Покрај тоа, договорно обезбедуваме која било трета страна што ги обработува Вашите лични податоци еднакво да се грижи за доверливоста и за интегритетот на Вашите податоци на безбеден начин.

Кои права ги имате во врска со личните податоци што ги имаме за Вас?

Ги имате следниве права:

  • да барате копија од Вашите лични податоци заедно со информациите за тоа како и врз основа на што се обработуваат тие лични податоци;
  • да ги коригирате погрешните лични податоци (вклучително и правото да ги дополните нецелосните лични податоци);
  • да ги избришете личните податоци во ограничени околности кога повеќе не се потребни во врска со целта за која се собрани или обработувани;

  • да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци;
    • ако е спорна точноста на личните податоци;

    • ако обработката е незаконска, но Вие приговарате на бришењето на личните податоци;

    • ако нам повеќе не ни се потребни личните податоци за цели за кои се собрани, но личните податоци се бараат за засновање, извршување или за одбрана од правно барање;
    • ако ја оспорувате обработката што е оправдана врз основа на оправдан интерес;

  • да приговарате на одлуки што се засновани само врз автоматската обработка, вклучително и профилирање;
  • да примите пренослива копија на Вашите лични податоци или Вашата копија да се пренесе на третата страна – ракувач ако тоа технички е изводливо и не вклучува неоправдани трошоци.

Во случај ако имате жалба во врска со тоа како ги обработуваме Вашите лични податоци, може да ја пратите со кликање на нашиот образец Контактирајте нѐ или да контактирате со нашиот Службеник за заштита на податоци (информациите за контакт може да ги најдете во продолжение).

Алтернативно, имате право да поднесете жалба до надлежен орган за заштита на лични податоци.

Ако имате какви било прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци, со ова Известување за приватноста или ако сакате да остварите кое било од горенаведените права, Ве молиме да нѐ контактирате така што ќе го пратите прашањето со кликање на нашиот образец Контактирајте нѐ или да контактирате со нашиот Службеник за заштита на податоци (информациите за контакт може да ги најдете во продолжение). Секогаш кога тоа е оправдано можно и кога се бара, ќе се погрижиме да Ви ги одобриме Вашите права во рок од еден месец.

Вашата согласност за примање билтени или за маркетиншка комуникација може да ја повлечете во кое било време и тоа бесплатно, така што ќе ги следите упатствата во која било маркетиншка комуникација или дури и сега со помош на опцијата за бришење на регистрацијата во рамките на нашиот образец Контактирајте нѐ. Овие преференции може да ги контролирате и во Вашите нагодувања на профилот, каде што тоа е можно.

Социјални медиуми и други веб-страници

Кога учествувате во кој било од нашите MDLZ-профили или секогаш кога MDLZ е присутен на кој било од различните форуми на социјалните медиуми, како што се Facebook, Twitter, Yammer, Pinterest, Instagram, LinkedIn, Youtube итн., треба да сте запознаени и да ги разбирате алатките што ги даваат тие страници и што Ви овозможуваат да направите избор за тоа како ќе ги споделувате личните податоци на Вашите профили на социјалните медиуми.

На овие форуми се применуваат практики или политики на трети лица и ние Ве поттикнуваме да ги прочитате известувањата за приватноста што се во сила, условите за користење и поврзаните информации за тоа како во овие опкружувања на социјалните медиуми се користат Вашите лични податоци.

Потоа, нашите страници може да содржат линкови на веб-страниците на трети лица; ако ги следите тие линкови ќе ги напуштите нашите веб-страници и мобилни апликации. Иако веб-страниците на трети лица ги избираме внимателно, Mondelēz International не може да ја прифати одговорноста за употребата на Вашите лични податоци од тие организации. За повеќе информации и детали, консултирајте го Одделот со забелешки Известувања за приватноста на трети страни и известувања за заштита на податоците на страницата што ја посетувате (ако е дадено такво известување).

Како ги обработуваме личните податоци на децата?

Генерално, нашите страници не се наменети за деца под 12-годишна возраст. Над таа возраст, со оглед дека сериозно ја разбираме заштитата на детската приватност, нашите страници ги одржуваме во согласност со сите прописи што се во сила на секоја јурисдикција. Секогаш кога деца на возраст од 16 години или помлади ги посетуваат нашите страници, во согласност со прописите што се применливи за секоја страница, треба да имаат одобрение од родител/старател пред да ни дадат какви било лични податоци преку веб-страницата. Ако при собирањето утврдиме дека корисникот има помалку години од горенаведената возраст и дека не доставил одобрение од родител/старател пред да даде какви било лични податоци, нема да ги користиме или да ги чуваме неговите/нејзините лични податоци без одобрение од родителот/старателот. Без такво одобрение детето нема да биде во можност да учествува во одредени активности. Меѓутоа, под одредени околности, може да ги зачуваме и да ги користиме таквите информации (во согласност со ова Известување и со прописите што се во сила), со цел известување и добивање одобрение од родител/старател и со цел одредени безбедносни, сигурносни, обврзнички и други намени што се дозволени со прописите што се во сила. Родителот/старателот може да прегледа, отстрани, измени или да одбие натамошно собирање или употреба на личните податоци на неговото/нејзиното дете, така што ќе нѐ контактира преку образецот Контактирајте нѐ или ќе контактира со нашиот Службеник за заштита на податоци (информациите за контакт може да ги најдете во продолжение) и ќе ги вклучи името на детето, адресата и е-поштата.

Службеник за заштита на податоци во Mondelēz International

Mondelēz International има Службеник за заштита на лични податоци („DPO“), кој е одговорен за усогласувањето со прописите за заштита на личните податоци. Во секој момент може на безбеден и доверлив начин да контактирате со Службеникот за заштита на податоци (DPO) на Mondelēz International или неговата канцеларија ако имате прашања, ако сте генерално заинтересирани за обработката на Вашите лични податоци или ако имате каков било проблем во врска со заштитата на личните податоци.

Со Службеникот за заштита на податоци – DPO – може да контактирате со праќање на е-порака на [email protected]